Мени
Кошничка
Искористете бесплатна испорака за сите нарачки над 1500ден. и тежина до 5кг.

Услови за купување

Датум на последна измена: 24.08.2021

 

Со користењето на сајтот MAKSTORE.MK  вие се согласувате со Општите услови за користење и Политиката за заштита на лични податоци.

Условите за купување се организирани на следниот начин:

Прелистување и прегледување на производите

Право на купување преку Makstore.mk

Начин на нарачување на производ

Плаќање на производот

Испорака на производот

Замена или враќање на производот

Преодни и завршни одредби

 

1. ПРЕЛИСТУВАЊЕ И ПРЕГЛЕДУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Сите производи на MAKSTORE.MK се категоризирани според видот и типот на производот за полесно прелистување и пронаоѓање на истите, и за секој зависно од видот на производот се истакнати опции за избор (пр.боја, големина) кои корисникот потребно е доколку ги има да ги избере соодветните кои ги сака пред да премине на страницата за наплата. До производите може да се пристапи преку веб страната www.makstore.mk во соодветната категорија или со користење на пребарувачот на врвот на веб страната во кој е потребно да се внесе називот на производот кој се бара.

Сите производи се изразени со вклучен ДДВ од 18% и кај секој производ покрај описот на производот се дадени и информации за трошокот на испорака. За нарачките кои надминуваат износ од 1500ден. а вкупната тежина на нарачката е под 5кг. следува бесплатна испорака, додека пак за сите останати нарачки доставната служба со која MAKSTORE.MK има склучено договор за соработка наплаќа за услугата според ценовникот кој е истакнат кај производот во секцијата ИСПОРАКА.

Доколку сакате да дознаете повеќе за начинот на испорака и цените за испорака кликнете на Испорака на нарачки

 

2. ПРАВО НА КУПУВАЊЕ ПРЕКУ Makstore.mk

Право на нарачка и купување на производите на Makstore.mk имаат сите лица со наполнети 18 години резиденти на Република Северна Македонија или нерезиденти државјани на Европската Унија или Европската економска зона при што при купувањето потребно е да наведат адреса за испорака на територијата на Република Северна Македонија. Makstore.mk во моментов овозможува испорака на нарачаните производи само на територијата на Република Северна Македонија и сите нарачки вон нашата територија нема да можеме да ги реаизлираме односно ќе бидат одбиени.

Makstore.mk има право да ги одбие сите нарачки кои не се во согласност со овие Услови за купувањеПолитиката за заштита на лични податоци и Општите услуви наведени на страницата.

 

3. НАЧИН НА НАРАЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Крајните корисници на MAKSTORE.MK можат да направат нарачка на производ преку веб страната www.makstore.mk со кликање на копчето “Во кошничка“ или “Купи сега“ при што ќе биде пренасочен кон сраницата за наплата каде е потребно да ги остави следните податоци: Име и Презиме, емаил адреса, адреса за наплата, адреса за испорака (може да биде иста како и адресата за наплата), телефонски број, град, регион, држава.

Овие податоци се чуваат и обработуваат со цел да се подготви нарачката и да се испрати на наведената адреса согласно нашата Политика за заштита на лични податоци.

На страницата “Плаќање“ крајниот корисник има можност пред да ја направи нарачката да се најави на својот кориснички профил или да креира свој профил при што ќе може да управува со претходните нарачки и ќе има увид во нарачките и промената на нивниот статус до комплетирање, или пак да направи нарачка како “Гостин“, при што неговите податоци ќе бидат искористени за реализација на направената нарачка но корисникот нема да биде во можност да ги следи промените на нарачката ниту да управува со сопоствен профил.

Покрај тоа крајниот корисник може да направи нарачка и преку телефон при што исто така потребно е да ги даде горенаведените податоци за да се процесира нарачката.

При нарачка корисникот потребно е да достави точни лични податоци за процесирање на нарачката. Makstore.mk има право да го контактира корисникот за проверка на точноста на податоците или доколку утврди прекршување на условите на веб страната или прекршување на законите на Република Северна Македонија нарачката да ја стопира или одбие.

Крајниот корисник по сопоствено убедување може да го контактира корисничкиот сервис преку социјални мрежи или апликации за комуникација на кои Makstore.mk има креирано своја фан страница или кориснички профил. 

При контакт преку овие трети страни корисникот треба да е свесен дека целата комуникација и сите лични податоци кои би ги споделил се преку нив се достапни на Трети страни кои имаат своја Политика за лични податоци и тие трети страни се лоцирани во земји кои не се дел од Европската Унија или Европската економска зона, односно законската регулатива во овие трети земји не ги штити во целост правата на приватност на корисниците. 

Пред да ги споделите вашите лични податоци преку трета страна ве молиме прочитајте ја нивната Политика за заштита на личните податоци.

Линкови до Политиките на приватност на социјалните мрежи и комуникациски апликации:

•             Facebook - https://www.facebook.com/privacy/explanation 

•             Messenger - https://www.messenger.com/privacy 

•             Instagram - https://help.instagram.com/519522125107875 

•             WhatsApp - https://www.whatsapp.com/legal/updates/privacy-policy/?lang=en 

•             Viber - https://www.viber.com/en/terms/viber-privacy-policy/ 

 

Официјални профили на MAKSTORE.MK:

Facebook фан страница https://facebook.com/makstoremk

Instagram фан страница https://instagram.com/makstoremk

Messanger директен линк https://m.me/makstoremk

Viber +389 78 255 255

WhatsApp +389 78 255 255

 

 

4. ПЛАЌАЊЕ

При нарачка на производ од Makstore.mk можете да изберете од трите понудени начини на плаќање и тоа 

Плаќање со платежна картичка преку Casys (cPay.com.mk) терминалот, 

Плаќање во готовина преку доставната служба со која Makstore.mk има склучено договор за соработка и 

Плаќање преку општа уплатница во банка или преку е-банкарски налог.

Прифатливи платежни картички на makstore.mk се дебитни или кредитни платежни картички на Visa и Mastercard издадени од резидентни банки во Република Северна Македонија.

При плаќање со платежна картичка преку терминалот на Casys или плаќање со општа уплатница потребно е податоците за плаќање од нарачката да се поклопуваат со носителот на платежната картичка, во спротивно нарачката нема да биде реализирана.

Начините на плаќање се детално објаснети во секцијата Начин на плаќање.

При плаќање со платежна картичка податоците се обработуваат и чуваат преку трета страна casys (cpay.com.mk) при што Makstore.mk не ги чува и обработува овие податоци туку има само увид на дел од истите. По плаќањето со платежната картичка Casys (cpay.com.mk) ве враќа повторно на makstore.mk со извештај за статусот на нарачката односно дали истата е успешна или неуспешна.

Прочитајте повеќе во Политиказа заштита на лични податоци за начинот на кој се обработуваат вашти податоци при плаќање со платежна картичка.

 

5. ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Испораката на направената нарачка се врши преку доставната служба со која MAKSTORE.MK има склучено договор за деловна соработка. Времето на испорака  варира од 2 до 5 дена во зависност од бројот на пратки и распоредот на доставувачите, и истото го одредува доставната служба. 

Времето на испорака може да биде и подолго во зависност од достапноста на населеното место каде треба да се испорача нарачката, општествените околности или евентуални ограничувања на движење. Терминот за испорака го одредува доставната служба и за тоа го известува купувачот телефонски или со смс порака. 

Makstore.mk со цел да ви обезбеди квалитетна и наврмена достава на нарачаните производи ги споделува следните лични податоци со доставната служба: Име и презиме, контакт телефон и адреса за испорака. Управувањето со вашите податоци е детално објаснето во секцијата Политиказа заштита на лични податоци.

 

6. ЗАМЕНА ИЛИ ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ

Доколку производот кој го нарачал крајниот корисник при прием на нарачката не одговара на нарачаниот производ, или забележи оштетување или отстапување од прикажаното истиот може да побара да му биде заменет со ист соодветен производ, или со друг производ од понудата на MAKSTORE.MK во вредност на платениот износ за прво-нарачаниот производ. 

Доколку купувачот побара замена со производ со поголема вредност од вредноста на првиот производ кој го има нарачано, должен е да ја доплати разликата за новиот производ.

Трошокот за испорака на замената на производот паѓа на товар на купувачот. Правото на купувачот да побара замена за производ поради грешка или оштетување на производот е во рок од 30 дена од денот на нарачката. По овој период од 30 дена ова право веќе не важи и барањето за замена нема да биде реализирано.

При замена на производ, купувачот потребно е да го достави првиот добиен производ во оригинално пакување и некористен или во спротивност замената нема да биде реализирана. Во прилог со производот купувачот потребно е да достави и документ издаден од доставната служба која има склучено договор за соработка со Makstore.mk и која го доставила првиот производ кој е предмет на замена.

Барањето за замена/враќање на производ корисникот може да го достави до Makstore.mk преку услугата Враќања која е достапна на веб страната, при што потребно е да ги внесе податоците во бараните полиња.

Корисникот може да побара замена/враќање на производ и преку телефонски контакт со корисничкиот сервис на +389 78 255 255 при што потребно е да ги потврди истите лични податоци од нарачката и даде информации за причината за барањето за замена.

Овие податоци се обработуваат согласно Политиказа заштита на лични податоци

 

Рефундирање / враќање на платениот износ

Купувачот има право и да побара рефундирање на износот кој го има платено за производот доколку не сака да изврши замена со друг производ од MAKSTORE.MK. Во тој случај потребно е да го достави производот во исправна и некористена состојба (онаков каков што го добил од доставната служба) и во оригиналното пакување во законски предвидениот рок од 30дена од денот на купување на производот.

Доколку производот не е во оригиналнот пакување и на него се забележливи очигледни траги дека истиот е извалкан или користен, за истиот нема да биде одобрено рефундирање и ќе му биде вратен на купувачот.

Барањето за рефундирање исто како и барањето за замена може да го направи преку веб страната во секцијата Враќања или преку телефонски контакт со корисничкиот сервис при што важат истите услови за обработка на податоците согласно нашата Политиказа заштита на лични податоци

 

7. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Makstore.mk има право да ја провери веродостојноста на нарачките преку контакт со корисникот од страна на корисничкиот сервис.

Makstore.mk има право да ја стопира или одбие секоја нарачка каде ќе утврди нецелосни информации за нарачката, прекршување на условите и политиките на веб страната или прекршување на законските прописи на Република Северна Македонија.

За секое прекршување на законските прописи на Република Северна Македонија како лажно претставување, злоупотреба на туѓи лични податоци, злоупотреба на туѓа платежна картичка и други прекршувања на законите од страна на корисниците, ќе бидат известени надлежните државни органи. 

За сите останати работи кои не се наведени во условите за купување се применуваат и важат соодветните законските прописи на Република Северна Македонија кои ја регулираат соодветната област.

 

Податоци за компанијата:

MAKSTORE.MK
МТ Промет-1 ДООЕЛ,
Адреса: ул.Дојранска бр.14, 2400 Струмица
ЕДБ: МК4027002133725
Тел: +389 34 353 478 / +389 78 255 255
Банка:  НЛБ ТУТУНСКА БАНКА
Жиро сметка: 210-0566211701-65